| четврток, 6 декември 2018 |

Миланов: За Јанакиески и Божиновски има правосилни одлуки да бидат во притвор и мерки на претпазливост, тоа по закон не е дозволено

За Миле Јанакиески и Кирил Божиновски има правосилни одлуки да бидат во притвор и мерки на претпазливост, тоа по закон не е дозволено – вели во изјава за порталот „Курир“ Еленко Миланов, адвокат, коментирајќи ја одлуката на судот тие да останат во притвор.

-Одлуката е донесена покрај сите аргументи кои беа изнесени од одбраната, во делот дека решението има недостатоци и од формален и од правен аспект. Од формален аспект, воопшто не постои кривично дело за кое што им се води постапка како облигаторен дел од содржина, диспозитив на обвинение. Од друга страна, станува збор за директен предлог за определување на мерка притвор без да се бара, во суштина, преиспитување на мерки за претпазливост кои уште се на сила, така што ние во конкретниов случај имаме на сила и мерка за притвор и мерка за претпазливост кои се правосилни и се на сила, што е недозволено по законот. На крајот на краиштата, во однос на овие правни квалификации, постои аболиција, така што барање за нова аболиција нема потреба и останува под знак прашање оваа службена белешка, посебно по известувањето и на претседателот на државата дека таква средба со посредник, за овие две лица, никогаш не била остварена – изјави Миланов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top