| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов препорачува: Играјте ја онаа мојата!

Helix Jump 2 e играта која градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја преферира додека во Собранието се расправа за енормното загадување во градот.

  • Прво се обидов со Candy crush saga, но некако не ми легна. Откако ја открив Helix Jump 2, сѐ е поинаку. Одлична е за вакви небитни седници на кои се зборува за загадувањето и проблемите низ градот. Посебно е добро што ја имам на телефон и не морам да ја носам во шише хеехе … а, брат хаах – ни изјави градоначалникот за време на паузата.

Шилегов додава дека како татко на градот топло им ја препорачуваа оваа игра на неговите скопјани. Кога ве болат гради или штипат очи од воздухов, играјте ја онаа мојава, советува тој.

  • Си играш игрица и не ти се ни излегува надвор. Топ е за кога чекаш ред за „Мој термин“, посебно кога си со приоритетен. За на семафори чекање исто. Во автобус, пак, а бе да ти е кеиф да заглавиш после работа во Центар. Има и музиче, си ставаш слушалки и ни лаење ни кучиња веќе не слушаш – вели Шилегов.

Градоначалникот инсистираше на читателите да им го овозможиме пристапот до играта. Симнете си ја на овој линк.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top