| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје и понатаму е загадено: Шилегов ја сврте игрицата (Видео)

Дрскоста на Петре Шилегов ги помина сите нивоа – на видеоигрите. Додека во Собранието се расправа за енормното загадување на главниот град, градоначалниот на најзагадениот град на светот во наплив на досада  се одржува буден со игра на телефон.

Шилегов препорачува: Играјте ја онаа мојата!

 

Навистина Петре, им се затнале мозоците на сите во градов од ПМ-честичките, па наместо за топчето што скока по кружни платформи, расправаат за ланскиот и овогодишниот смог. И не само тоа, сме отупавеле, а дека загадувањето нѐ прави поглупави потврди и СЗО, па ти се чудиме на паметот кој ѓавол те спотна Скопје да го пријавиш за најзелен град.

Ние, жителите на најзагадениот град на светот, ниту зелено гледаме, ниту ни е до игра – за воздухот  наш се работи, а за жал, го делиме со тебе, арогантниот градоначалник на најзагадениот град Скопје.

Шилегов: Домовите кои не се во организираниот систем на затоплување придонесуваат за половина од загадувањето

 

И да, она „лично сум посветен на заложбите за чист воздух и здрава животна средина“ –  од маглата не се гледа. Заложи се, Пењтре, да ти ги видиме заложбите. Дотогаш, ние на жабри ќе дишеме, некои и ќе умираме, а ти внимавај топчето да не ти згазне на црвено.

ВИДЕО на ПресингТВ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top