| четврток, 6 декември 2018 |

Тасевски: Бегањето на судот од фер постапка е протежирање на лажните факти на обвинитеството

Повредено правото на контрадикториност на постапката, односно одземено им е правото на обвинетите и на бранителите да се запознаат со предлогот и да се запознаат со доказите врз основа на кои обвинителството го темели предлогот за притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, смета адвокатот Боро Тасевски, бранител и на двајцата обвинети.

Во изјава за „Република“, Тасевски објаснува дека ако на обинитетите и на одбраната им било овозможено да го искористат своето основно право на сопоставување на правните аргументи ќе било рајаснето пред судот дали службената белешка на УБК содржи вистинити податоци или не.

– Со тоа што ни е одземено тоа право, овозможено е без да има контрадикторна постапка, без да има произнесување на бранителите да се донесе одлука за притвор врз основа на службена белешка на УБК, приложена од МВР, која покажува многу невистиности во неа. Комплетно невистинита од аспекст на одбраната. Наведени се низа причини кои се невистинити при определувањето на притвотот. Парадокс е дека барале амнестија – како барале амнестија кога тие веќе имаат амнестија. Во крајна линија, Судот во Стразбур има став, а тоа е ставот и на судот во Грција, дека амнестијата е неповратен процес. Не може да се поништува, да се отповикува, и не може да им се суди на лица за кои веќе еднашп е изречена амнестиоја. Тоа го вели Врховниот суд на Грција, овде имаме токму таква ситуација. Еден аргумент повеќе за овие двајца – се обинуваат дека барале амнестија во услови кога имаат амнестија и во услови кога според аставовите на Стразбур, а и на нашиот Устав не се дозволува, не е возможно ретроактивно важење на законите.

Ако тоа беше во контрадикторна постапка, ќе се разјаснеше и ќе се утврдеше може ли да содржи таа вистините податоци, содржи ли невистинити податоци, односно има ли обвинителството докази за опасноста од бегство или нема докази. А сега пред Апелациониот суд ние само ги истакнуваме сите овие дефекти на таа службена белешка, која е спротивна и на изјавата на претседателот на државата, вели Тасевски за „Република“.

Во ваква ситуација, според одбраната на Јанакиески и Божновски, Советот на Апелациониот суд треба да одлучи дали е вистинито тврдење на еден претседател на држава или е вистинито тврдење на УБК во службената белешка. Местото на ваква контрадикторна постапка воопшто не е во Апелацискиот суд, туку во првостепениот суд.

– Ние не знаеме што толку му пречи на обвинителството и на судот нашето барање да се врати постапката пред првостепениот суд каде што ќе ги расчистие овие околности, па ако судот најде дека е докажано барањето за притвор, нека си изрече притвор. Меѓутоа, да ни биде овозможено да потврдиме и да докажуваме дека тоа барање за приотивор е недокажано, дециден е Тасевски.

Одбраната на притворените Јанакиески и Божиновски обвини дека судот има привилигиран третман кон обвинителството, што укажува на неправично и нефер судење. На обвинителството му се верува априори, дури и во ситуација кога дава докази со невистинта содржна, за кои дури и претседателот на државата тврди дека се невистинити.

Јанакиески: Ако имам сметка надвор од Македонија, потпишувам веднаш доживотна казна затвор

– Ако судот суди спорд докази, мора да ѝ овозможи на спротивната страна да даде свое мислење за предложените докази, свои контрааргументи, па да предложи и спротивни докази. Сето тоа е прескскнато и директно е донесена одлуката за притвор без поговорно прифаќајќи ги наводите на обвинителството, што претставува неправично и нефер судење, вели Тасевски, кој објаснува дека сево ова е непотребно кога Јанакиески и Божиновски се веќе обезбедени со полиција, земени од дома, од спиење, а глувоста на судот да обезбеди фер постапка, ја принудува одбраната правдата да ја бара пред европските судови.

– Доаѓаме во ситуација да го расчистуваме таму каде што не му е место или утре да го напаѓаме пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за кршење на правата на обвинетотиот. Доколку биде потврдена одлуката во една ваква постапка, ќе поднесеме апликација до судот во Стразбур, вели тој.

Одбраната повторно го повика судот во преметите за кои има висок интерес на јавноста, да се постапува со особена внимателност, да не се прават повреди на правата на обвинетите, да не се отвори можност за вакви постапки.

-Напротив, токму во овие предмети порадикално се кршат правата на обвинетите што остава многу лош впечаток пред меѓународната правна јавност. Тоа веќе не е впечаток, за тоа веќе имаме и одлуки на два серизни правни системи – грчкиот и унгарскиот, констатира Тасевски, потсетувајќи на одлуката на Врховниот суд на Грција, кој одби екстрадиција на Горан Грујовски и Никола Бошковски, и на унгарските власти дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оценки.

Врховен суд на Атина: Во Македонија нема услови за фер судење на Грујевски и Бошковски

Кабинет на Орбан: Македонија има лошо судство и затвори, не сме сигурни дека Груевски имал фер судење

-Никој не може да задре во одлуката на судот, не знам што му пречи на нашиот систем да овозможи транспарентна постапка, па и нека одреди притвор ако има основа за тоа. Да го видиме предлогот на обвинителството, ќе го видиме доказот, ќе приговориме, ќе предложиме наши докази. Овде се оди тенденциозно, на сила. Ако малку држи до авториотетот на судската власт, Советот на Алепациониот суд треба да ја врати постапката на повторно постапување во првостепениот суд. Не знаеме што ќе биде докажано воп таа постапка. Сосема на сила се оди и на штета на овинетите, но и на штета на правниот систем и  државата. Овие луѓе се достапни, земени се од дома од спиење, ние не навлегуваме во одлуката на судот изречена во фер и транспарентна постапка, вели Тасевски, но според овиде докази што сега ги гледаме, ние сме и против одлуката, бидејќи од овие докази што ги гледаме, сметаме дека лажни околности биле пред судот кога олучувал, неточни, невистинити. Ако обвинителстовто во постапката ги докаже, тогаш тоа е тоа. Бегањето од контрадикторна постапка е протежирање на лажни факти изнесени од обвинителството, дециден е тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top