| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка рано утрово кај Кавадарци, едно лице повредено

Едно лице е повредено при судир на автомобил и товарно возило, рано изутринава во 02.05 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта.

– Сообраќајната незгода се случила помеѓу патнички автомобил марка „ауди“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од Т.М. (25) од село Дреново, кавадаречко и товарно возило марка „волво“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.Л. (52) од Кавадарци. Во незгодата повредeн е возачот на патничкиот автомобил, кој е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС – ОН Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top