| четврток, 6 декември 2018 |

МПЦ ќе добие станови и деловен простор на локацијата спроти “Холидеј ин“

Македонската православна црква ќе добие станбен и деловен простор во висококатниците кои што треба да се изградат кај сега постоечкиот паркинг простор наспроти ГТЦ.

Од МПЦ тврдат дека не учествуваат во купување на никакво државно земјиште, туку дека купувањето го извршило фирмата „Обновители“, јави 24 вести.

–Македонската православна црква поседува парцела на паркингот наспроти ГТЦ која ја има добиено со денационализација. На инвеститорот, МПЦ, му ја отстапува својата парцела за која треба да добие станбен и деловен простор во објектите што ќе се градат таму – велат од МПЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top