| четврток, 6 декември 2018 |

Службената белешка на УБК не е автентична – судот прави кривично дело со притворање врз основа на лажен доказ

Службената белешка врз основа на која им е одреден притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски е лажна, предупредија обвинетите, нивната осбрана, а потврди и самиот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој се споменува во белешката.

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски беа притворени рано утрото околу 5 часот во средата на 14 ноември, веднаш откако беше потврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и бара политички азил. Решенијата за притвор се изготвени на брзина, така што решението за притвор на Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на СЈО, е ископирано и за Кирил Божиновски, па така и службената белешка е идентична во двете решенија за притвор.

Во двете решенија, во белешката од УБК, стои дека средбата со претседателот Иванов била остварена преку посредник, иницијатор на средбата со претседателот на Репубика Македонија бил Миле Јанакиески, односно Кирил Божиновски, дека ги имале истите барања, дека ги имаат истите банкарски сметки во странство и дека се подготвуваат за истото бегство.

Фабрикуваната службена белешка од УБК сламка на спасот за судот и СЈО

 

На средба со претседателот на Република Македонија бил Миле Јанакиески, кој закажал телефонски, како што потврди и Кабинетот на претседателот. Кирил Божиновски немал средба со Иванов, а тоа го потврди и Кабинетот на Иванов.

Оттука, може да се констатира дека службената белешка на која се повикуваат обвинителството и судот е фабрикувана, така што ако се прифати како доказ, кој е непостоечки, се причинува кривично дело.

Во корист на тоа дека белешката не е автентична одат и овие факти:

1. Не е наведено во кои денови, каде и во колку часот биле остварени средбите помеѓу Јанакиески, односно Божиновски и посредникот.

2. Нема податок за датумот, времето и местото кога е остварена средбата помеѓу посредникот и претседателот.

3. Во решението не е презентирано дали СЈО или Кривичниот суд направиле проверка со Кабинетот на претседателот Иванов дали таква средба воопшто била одржана, која била темата, но и нивото на доверливост на изворот. Белешката не е доставена во прилог на Решението, па ниту обвинетите ниту новната одбрана ја имале на увид.

4. Одбраната и обвинетите немаат податок дали некој орган ги проверил безбедносните камери и дали добиле информација од припадниците на МВР кои го евидентираат секој посетител, со цел да потврдат дали имало средба со посредникот и претседателот Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top