| четврток, 6 декември 2018 |

Кои улоги му останаа неостварена желба на Мите Грозданов?

Жа­лам што не го оди­грав Ри­чард Тре­ти во мла­до­ста. То­гаш бев пре­за­фа­тен со дру­ги уло­ги. Во мла­до­ста играв мно­гу глав­ни уло­ги на исто­ри­ски лич­но­сти од кои на пет ли­чам автен­тич­но – Ни­ко­ла Ка­рев, Ко­ча По­по­виќ, Адолф Хит­лер, Бер­толт Брехт и Ан­тон Че­хов. Би би­ло до­бро, до­де­ка ме др­жи сна­га­та, да го оди­грам лу­ди­от Ал­берт Ајн­штајн. Ве­ќе сум по­бе­лен во ко­са­та. Са­кам да го оди­грам и крал Лир, но и чор­ба­џи Те­о­дос – изјави во интервју за неделникот „Република“ македонскиот глумец Мите Грозданов, кој синоќа почина на 75 годишна возраст.

Грозданов: Жалам што во младоста не го одиграв Ричард Трети

Грозданов, веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија Златен ловоров венец за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остварувал со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 година е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата „Стрниште затвор за жени”, како и работата во Театар „Македонија“.

Изминативе години беше активен во монодрамата, поставувајќи ги двете дела „Црв“ во Драмски театар и „Од инат поинат, за инат“ за што знаеше да рече: „Во неколку наврати сум го објаснувал тој феномен. Монодрама може да играат само големи актери. Свет за себе ќе биде ако не знаеш што да правиш со себе. Никогаш не работи монодрама ако преку претставите кои ги играш, заедно со колегите, се си и кажал на публиката за она што сака умот и душата да каже. Но ако имаше покрај претставите уште нешто што те мачи или радува тогаш работи голем актер-тогаш работи голем актеру -преку монодрамата доискажи го она што го мислиш. Светот сам за себе ќе стане општ и ќе се радуваме заедно, зашто и монодрамата не може сама-треба публика!“.

Не мо­жат да се на­бро­јат си­те не­го­ви глав­ни рол­ји во фил­мо­ви, те­ле­ви­зи­ски се­рии, те­а­тар­ски прет­ста­ви… Тој е еден од ре­тки­те акте­ри што мо­же да се по­фа­ли де­ка глу­мел со хо­ли­вуд­ска­та ѕвез­да Ри­чард Бар­тон во „Сут­је­ска“. Се­ко­гаш е под­го­твен за чам­че му­а­бет и со мла­до и со ста­ро, и со поз­на­ти и со по­мал­ку поз­на­ти ли­ко­ви од не­го­во­то се­којд­не­вие. Автор е на три кни­ги по­е­зи­ја и на че­ти­ри дру­ги кни­ги.

– Кол­ку и да е те­шка ма­те­ри­ја­та, фил­мот се сни­ма ка­дар по ка­дар. Ако ре­жи­се­рот е та­лен­ти­ран, ќе мон­ти­ра ка­ко што тре­ба. По­те­шко е на те­ле­ви­зи­ја, ко­га сни­маш со три-че­ти­ри ка­ме­ри и се сни­ма сце­на по сце­на. Мо­ра да го на­у­чиш тек­стот. Нај­те­шко е во те­а­тар, мо­раш кон­ти­ну­и­ра­но да жи­ве­еш. Ни­ед­на прет­ста­ва не е иста, ка­ко што и жи­во­тот не е ист. Игра­ње прет­ста­ва зна­чи во кон­ти­ну­и­тет да се истрае, од по­че­ток, сре­ди­на и крај. Јас ги са­кам и фил­мот и те­ле­ви­зи­ја­та, ама врв­на­та умет­ност е во те­а­та­рот – велеше Грозданов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top