| четврток, 6 декември 2018 |

Ни денеска нема Суперкласико: Ривер – Бока одложена на неопределено време

Конфедерацијата на јужноамериканските фудбалски федерации (ЦОНМЕБОЛ) го усвои барањето на Бока јуниорс и го одложи вториот меч од финалето на Копа Либертадорес против Ривер Плата по саботниот напад на автобусот на Бока.

Тоа што требаше да биде празник на фудбалот во „лудата“ Аргентина на крајот се претвори во хорор, посебно за фудбалерите на Бока јуниорс, откако нивниот автобус беше нападнат на патот кон „Естадио Монументал“ во саботата.

Мечот беше презакажан за вечерва во 21 часот, 24 часа подоцна од планираното, но сега на три часа од стартот на натпреварот ЦОНМЕБОЛ потврди дека доаѓа до ново одложување.

Алехандро Домингез, претседателот на ЦОНМЕБОЛ се согласи со тврдењето на Бока дека нема „еднакви услови за игра“ за двата тима.

– Новиот датум за финалето ќе биде анализиран и одреден на состанокот на ЦОНМЕБОЛ во Асунсион, Парагвај на 27 ноември заедно со претседателите на двата клуба, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top