| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Наскоро ќе се знаат сите детали за бегството на Груевски

При работна посета на Струмица, премиерот Зоран Заев беше запрашан од новинарите дали унгарски разузнавачи и дипломати помогнале во бегството на Никола Греувски и додаде дека токму за овој дел се чекаат конкретни одговори од истражните органи.

– Жалам што МВР сѐ уште не може да излезе со детална информација, но секако почитувам и јас, почитуваат и тие дека Јавното обвинителство е во сериозна истрага и сѐ додека трае истрагата не може да излеземе со детали, одговори премиерот.

Тој додаде дека отприлика знае до каде се стигнати работите од МВР и дека во многу брзо време ќе бидат споделени сите детали за тоа што се случувало во Македонија бидејќи, како што кажа, веќе се знае што се случувало во Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија.

Премиерот Заев рече дека останува прашањето за тоа што четири пријателски земји, од кои три се членки и на НАТО Алијансата, дозволиле премин на поранешниот премиер Груевски и изрази уверување дека истрагите ќе дадат одговор на сите неразјаснети прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top