| четврток, 6 декември 2018 |

Модната дизјанерка Нела Тодоровска првпат учествува на СДВ

Младата македонска дизајнерка Нела Тодоровска годинава првпат учестува на Неделата на дизајн во Скопје која завршува вечерва во „Јавна соба“ и во галеријата „Лукс“.

Тодоровска на СДВ се претстави со својот бренд Mariguccha, кој е  модна алхемија меѓу традиционалната облека и панкот, на тој начин создавајќи впечатливи и носиви креации.

Тодоровска е инспирирана од македонската носија, убавите везови и нивната разновидноста и од актуелната улична мода од големите светските центри. На СДВ таа ја претставува колекцијата есен/зима 2019 година.

Колекцијата е спој на деконструктивизам, етно, панк и диско. Сите модели се носиви, лесно прилагодлии во стилот на модерните жени.

Првпат учествувам на Неделата на дизајн во Скопје. Претходно сум имала соработка со повеќе уметници во склоп на СДВ – вели Тодоровска.

Според неа, за време на одржување на Фестивалот, се отвораат повеќе можности, бидејќи има дизајнери од странство кои студирале на подобрите академии и секој разговор е искуство повеќе…
Секојдневно го градам својот бренд, дури и кога сум надвор од просториите каде што творам. Работам се што е поврзано со мода, театар, филм каде што има мода и костимографија – вели Тодоровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top