| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос пред „Монументал“: Полицијата со гумени куршуми удри по навивачите на Ривер (видео)

Реванш натпреварот од финалето во Копа Либертадорес е одложен откако автобусот на гостите Бока Јуниорс беше нападнат од домашните навивачи при пристигнувањето на „Монументал“. Мечот кој требаше да започне од 21 часот и кој требаше да го даде шампионот на Јужна Америка, најверојатно нема да се одигра денеска, а првичните информации велат дека по одложувањето од еден час, најверојатно ќе се донесе одлука за дефинитивно одложување бидејќи неколкумина играчи на Бока се во болница.

Полицијата мораше со гумени куршуми да ги брка групите со навивачи на Ривер, кои останаа пред стадионот „Монументал“, а кои со камења и солзавец го нападнаа автобусот на гостите.

Вистинска „војна“ се водеше помеѓу двете страни, па летаа и камења од страна на навивачите, кои возвратија на гумените куршуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top