| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на негувателот 38 години работел во Зоолошка, писателката на „Пипи долгиот чорап“ напишала книга за него

Никој не остана рамнодушен на фотографиите од скопската Зоолошка потпишани од Горан Анастасовски кои минатата недела станаа вирален хит и за кои пишуваа дури и уредниците на National Geographic. Иако јавноста дури сега дозна за него, јунакот од фотосесијата, негувателот Ристе Трајковски има голем багаж кога е во прашање грижата за животните. Додека траеше еуфоријата околу оваа „специјална врска“ со жирафите, дознавме информација која прилично нѐ фасцинира. Таткото на Трајковски кој исто така работел во Зоолошка цели 38 години, бил инспирација светски познатата писателка Астрид Линдгрен да ја напише познатата книга за деца „Марко од Југославија“. Ристе со задоволство ја прифати нашата покана да ни раскаже повеќе за оваа приказна, а во разговорот ни се приклучи и неговата сестра Маја со која заедно се грижат за жирафите. Токму таа го наследила работното место на татка си по неговата смрт.

* Ристе, Вашата „специјална врска“ со жирафите стана вирален хит откако фотографот Горан Анастасовски сподели серија фотографии кои ги пренесоа и повеќе светски медиуми. Иако јавноста дури сега дозна за Вас, Вие имате багаж кога е во прашање грижата за животните. Како почна сѐ?

Ристе: Во Зоо Скопје работам од 2002 година. На почетокот работев со копитари на првиот реон, потоа со диви ѕверови, а од 2012 година сум зоо негувател на трите жирафи со кои навистина имам изградено специјална врска за овие седум години.

* Вие се грижите за Флопи, Тебого и Каспер веќе седум години, практично од моментот кога пристигнаа во скопската Зоолошка. Која е нивната, но и Вашата дневна рутина?

Ристе: Откако ни почнува работното време, најпрво јадат зоб ( јачмен и пелетирана храна). Потоа ги полниме хранилките со сено, а во меѓувреме стигнува главното јадење- јаболко, морков, праз, кромид. До 10 часот веќе е завршена првата тура на хранење. Каспер, Тобого и Флопи моментално се во внатрешните живеалишта, каде што го поминуваат целиот ден кога надвор е студено и врнежливо.

Маја: Интересно за нив е што ретко спијат, се случува да дремнат половина час во текот на денот. Тие се неми, не испуштаат звуци, но се први за меѓусебно галење. Секој ден сакаат да им се посвети внимание и штом не видат, чекаат и ние да се погалиме со нив, тоа ни е секојдневна рутина- галење и зборење со нив, исто како да чуваш деца.

Целиот разговор прочитајте го на Женски магазин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top