| четврток, 6 декември 2018 |

Амнестирани провалници го ограбиле станот на Дамјан Манчевски, МВР крие што недостасува?

Синоќа бил ограбен станот на министерот за информатичко општество и администрација,  Дамјан Манчевски. Грабежот се случил во периодот од 20.45 до 22 часот. Од МВР потврдуваат дека на 22.22.208 година во периодот од 20.45 до 22.00 часот извршена е тешка кражба во стан лоциран на бул. „11 Октомври“, но во изјавата за Република велат дека досега не е пријавено дека нешто е одземено.

-Да, пријавено е дека во стан на бул. 11 Октомври во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата, но до сега нема пријавено дека нешто е одземено, велат од МВР за Република.

Неофицијално, од домот на Манчевски биле одземени предменти во поголема вредност.

Исто така според неофицијални информации, на местото на настанот излегле повеќе началници, по наредба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Извори од полицијата посочуваат дека извршители на ова кривично дело биле некои повратници, амнестирани со Законот за амнестија што го изгласа Собранието на почетокот на годинава.

Со Законот за амнестија се ослободија од издржување на затворска казна осудени лица на кои им е изречена казна до шест месеци. А, оние што добиле над шест месеци, се ослободија од издржување на 30 отсто од целокупната казна.

Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело Убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top