| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Осум причини зошто СДСМ е во слободен пад

ратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на Фејсбук, наведе осум причини зошто СДСМ е во слободен пад.

– СДСМ дојде на власт поради неколку фактори и сега тоа се МЕНУВА:

1.
Скопје:

Рејтингот на СДСМ во Скопје е во слободен ПАД. Шилегов е тотално неспособен, исто како Златко Марин, Кисела Вода, Гази Баба, Велимир, другите градоначалници…

Скопје знае да казни, во Скопје се случува тивок пресврт.

2.
Неопределените:

Еден куп ветувања, а сега големо разочарување. Не им се допаѓа промената на името и Уставот, одѕивот за референдумот беше фијаско, и во градовите, и во селата.

Скандалите на власта се СЕКОЈДНЕВИЕ.

3.
Албанците:

СДСМ буквално НЕМА проекти за Албанците. Нема безбедност, нема правда, нема асфалт, нема инвестиции.

Албанците му дадоа ГОЛЕМА поддршка на СДСМ, многу се вети, но сега разочарувањето е ГОЛЕМО и РАСТЕ.

4.
Младите:

Единствено ќари младинската олигархија и 30-тина “Шарени” станаа државен апарат. Го нема веќе ентузијазмот на Шарената револуција . Нема правда, нема мир стана потрошена фраза.

Ветија “Младинска гаранција” и вработување за сите, а ги згрижија само нивните.

5.
Мотивирано членство:

Членството на СДСМ е ептен разочарано од кадровската политика. Приоритет се локалните моќници и децата на функционерите на СДСМ.

СДСМ води ОЧАЈНА кадровска политика и тоа народот веќе го гледа.

6.
Програма – ветувања:

Тотално фијаско. Економијата особено.

7.
Лични ветувања:

Во секое второ семејство е ветено ЛИЧНО вработување, инвалидска пензија, туѓа нега, трактор, унапредување на работа…

Сега тие што ВЕТУВАА, народот НЕ може да ги добие на телефон. Не ги есапат, а револтот РАСТЕ.

8.
Коалиција:

Со коалицирањата се загубија СИТЕ принципи и сите “идеали”. Плус, коректните и лојални коалициони партнери целосно ги помножија со НУЛА.

Проблемите во коалицијата на СДСМ допрва ќе се засилуваат.

Накратко:

Рејтингот на СДСМ е во слободен пад и револтот ќе се ЗГОЛЕМУВА.

Ќе си паднете. Македонија се буди. – напиша Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top