| четврток, 6 декември 2018 |

Слики од охриѓанка објавиле на веб страна за огласи – Кривични за две лица од Велгошти

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П. (39) и Р.П. (39), двајцата од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”.

Пријавените, на 05 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид, и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи.

Дополнително, двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа Facebook.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top