| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете го вашиот имунитет со оваа едноставна техника

Настинувате повеќе од 4 пати годишно?

За да дознаете дали вашиот одбрамбен механизам функционира перфектно, односно, дали имате доволно силен имунитет, одговорете на следните прашања со ДА или НЕ:

1.Дали редовно вежбате? ДА НЕ

2.Тешко го поднесувате ладното време, дали рацете и нозете ви се постојано студени? ДА НЕ

3.Брзо се ослободувате од стресот, не се нервирате за ситници? ДА НЕ

4.Настинувате повеќе од 4 пати годишно? ДА НЕ

5.Кога и да не се чувствувате добро, вие секогаш пиете лекови? ДА НЕ

6.Секојдневно јадете овошје и зеленчук, а во пролет и есен дополнително консумирате суплементи? ДА НЕ

7.Имате многу пријатели, комуникативни сте? ДА НЕ

8.Задоволни сте со вашиот семеен живот? ДА НЕ

9.Редовно шетате на свеж воздух? ДА НЕ

10.Дали пушите? ДА НЕ

11.Понекогаш со задоволство пиете малку добро вино? ДА НЕ

12.Живеете во град? ДА НЕ

13.Водите сметка за својата линија? ДА НЕ

14.Често патувате со јавен превоз? ДА НЕ

15.Работите во фирма со многу вработени? ДА НЕ

16.Пиете 1,5 литри вода дневно? ДА НЕ

17.Многу време поминувате во топла просторија? ДА НЕ

18.Имате тешка и стресна работа? Сите домашни ги носите на „грбот“?ДА НЕ

19.Редовно пливате и одите во сауна? ДА НЕ

Пресметајте ги бодовите:

За „ДА“ одговорите на прашањата со р.б.: 1,3,6,7,8,9,11,13,16- добивате 1 бод.

Ако сте одговориле „НЕ“ на прашањата под р.б.: 2,4,5,10,12,14,15,17,18,19, исто така добивате по 1 бод.

РЕЗУЛТАТ:

Од 1 до 6 бодови:

Имате многу слаб имунитет. Често чувствувате слабост, апатија. Мора повеќе да се потрудите за да ги подобрите одбранбените сили на организмот.

Од 7 до 12 бодови:

Вашиот имунитет не е доволно силен. Мора да го промените својот стил на живеење и начинот на исхрана. Минувајте повеќе време на свеж воздух, јадете редовно храна богата со витамини, консумирајте витамински комплекси, наутро туширајте се наизменично со топла и студена вода. На тој начин ќе го зајакнете вашиот имунитет.

Од 13 до 18 бодови:

Имате одличен имунитет. Ретко сте болни, а кога тоа ќе ви се случи, болеста брзо се повлекува, едноставно и без компликации. Вие сте енергични и полни со полна сила. Тоа значи дека правилно се грижите за вашето здравје. Продолжете така!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top