| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската комедија „Хотел Гагарин“ во кината низ Македонија

Неполни две недели по премиерата на фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје, од денеска италијанската комедија „Хотел Гагарин“ почнува да се прикажува во кината низ Македонија во дистрибуција на „Катавеј“.

Филмот во режија на Симоне Спада денеска од 17:00 часот се прикажува во Кинотеката на Македонија, утре е на репертоарот на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, а на 24 и 25 ноември ќе се прикажува и во киното „Милениум“ во Скопје.

На 26 ноември ќе се прикажува во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, од каде на 30 ноември повторно се враќа во Скопје со проекција во кафе-кино „Котур“ од каде продолжува и во другите градови низ републиката.
„Хотел Гагарин“ е приказна за петмина Италијанци без скршена пара што ја чекаат својата голема шанса се испратени да снимат филм во Ерменија. Но, кога ќе пристигнат таму, избувнува војна и нивниот нечесен продуцент исчезнува со парите. Додека седат напуштени во хотелот „Гагарин“, длабоко во шумата и затрупан под снег, наоѓаат оригинална и неочекувана можност за незаборавна среќа.
Продуцентот на филмот бил номиниран за наградата на Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top