| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган го нападна Сорос

Турскиот претседател се приклучи на списокот критичари на Џорџ Сорос, обвинувајќи го мултимилијардерот и филантроп за поддршка на антивладини протести кои имале за цел поделба на Турција и на други земји ширум светот.

Ердоган го обвини Сорос за поддршка на протестите Паркот Гези во 2013 година. Протестите пораснаа од демонстрациите против плановите за уништување на паркот во центарот на Истанбул што беше најголемиот политички предизвик со кој се соочи тогашниот премиер Ердоган.

Турскиот претседател го спомна и потеклото на Сорос:

„Кој стои зад овие терористи? Извесниот унгарски Евреин, Сорос“, рекол Ердоган.

По Унгарија, која  го обвини Сорос за масовна миграција за да ја поткопа Европа, Турција е втора земја што го обвинува американскиот милијардер Сорос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top