| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност кај Македонците, СДСМ најголема албанска партија

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повеќе не се изедначени македонски партии. Кај Македонците разликата е 5 проценти во полза на ВМРО-ДПМНЕ. За Албанците, пак, СДСМ прерасна во најголема албанска партија.

-Тоа значи дека има сепак добар дел од Македонците кои што се разочарани од компромисот со Грција и сметаат дека се предадени некакви национални интереси. Второ има незадоволни и заради одредени најави за пазарење и за ради одредени даночни политики за кои што граѓаните не се согласуваат и тоа се рефлектира на тие рејтинзи, потенцира Кировски вечерва во Топ тема.

Тој додава дека огромен е бројот на Македонци кои што се разочарани од сите овие политички процеси и пазарења и таа бројка изнесува дури 26 проценти од етничките Македонци кои рекле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top