| четврток, 6 декември 2018 |

Клековски: Неспособни се да проценат кој може да побегне и сега ги притвораат сите

Наместо да се прават индивидуални проценки, се оди на колективно казнување на сите, со што повторно се враќаме до неспособноста, вели политичкиот аналитичар Сашо Клековски во денешното гостување во Топ тема на ваша страна.

Според Клековски власта е неспособна да процени кој може да избега од обвинетите за кои се водат постапки од Специјалното јавно обвинителство и затоа оди на колективна постапка сите да ги притвори за на тој начин да обезбеди правдата, додавајќи дека бегството на поранешниот премиер Никола Груевски предизвикало хаос во системот и власта се обидувала да ја санира штета преку правење на штети по луѓе кои не планирале да избегат.

-Ако сега во паника се одлучува да се притвораат луѓе за кои нема индиции дека планираат бегство, тогаш имаме повторно една колективна постапка, еве сега сите ќе ги ставиме во притвор и никој нема да избега без да се покаже способност да се процени, смета Клековски.

Имено, пред една недела откако јавноста побара оставка од владата на Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради нивната неспособност и непрофесионалност во вршење на својата работа, како и поради големиот број на шпекулации дека тие знаеле за бегството на Груевски, судот одлучи да ги притворат Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Според информациите кои ги пренесуваа дел од медиумите Јанакиески и Божиновски редовно се појавувале во судот на сите рочишта до сега како што ги почитувале и мерките на претпазливост односно редовно јавување во судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top