| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Голф“ прегазил млада скопјанка, итно пренесена на Ургентен

 

Вчера попладне на булевар „Никола Карев“ во Скопје, Д.Ѓ. (57) од Скопје, управувајќи патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.А. (23) од Скопје.

Б.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, по што била препратена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top