Триесетгодишен државјанин на Албанија се сомничи за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, информираат од основното јавно обвинителство Гостивар.
Како што велат оттаму, полицијата извршила претрес на место каде престојувал осомничениот, кој илегално бил на територијата на Република Македонија. Притоа пронајдени биле автоматска пушка „калашников“ и рамка со дваесет куршуми, како и повеќе предмети чие потекло се истражува, а за кои постојат сомнежи дека потекнуваат од други извршени кривични дела.
Од обвинителството велат дека постапката продолжува во насока на утврдување евентуално учество на 30-годишниот Албанец и во други кривични настани.
Во меѓувреме, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување на мерка притвор за осомничениот во времетраење од 30 дена кој бил прифатен од судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст