| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Попоски: Буџетот не е развоен, што претставува проблем за македонската економија

Во вечерашната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа “ гостуваа поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, универзитетскиот професор Никола Попоски и актуелниот советник во премиерскиот кабинет Фатмир Бетиќи каде се дискутираше за новиот буџет кој е историски најголемиот буџет проектиран некогаш во Македонија .

Имено, Универзитетскиот професор Никола Попоски кажа дека во Буџетот е пренагласена социјалната функција, но дека Буџетот воопшто не е развоен што преставува проблем за македонската економија .

– Овој Буџет се разликува затоа што има социјална функција, социјалната функција е пренагласена односно е понагласена и можеме да се чудиме на тоа но ако внимателно следиме што оваа политичка позиција говореше минатите години јасно е дека постојано ни навестуваше дека ќе удри по социјалните позиции во Буџетот во позитивна смисла. Имаме во овој дел наплив на средства но пак кај една друга функција развојната имаме потфрлање – рече Попоски.

Попоски истакна дека буџетот треба да обезбеди развојна функција што овој буџет ја нема посебно ако се земе фактот дека растот е проектиран на 3,2 проценти, што сепак е недоволен раст за македонската економија да има динамичен раст. Тој потенцираше дека потребно е растот да биде најмалку 4 или 5 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top