| четврток, 6 декември 2018 |

Апокалипса на Охридското Езеро

Михајло Маневски

Зошто не е поведена кривична постапка и не е определен притвор на министерот и заменик министерот за животна средина и директорот на ЕЛЕМ?

Охридското езеро во делот кај Билјаниините извори во студенцишкиот канал побеле од изумрени риби плашици. Побеле и засмрди од трулежот на повеќе десетици тони изумрени риби. Ужасна апокалиптична гледка. Сведоци сме на грубо ништење на природата од огромии размери со непроценливи штетни последици.

Страотната апокалиптична негрижа, неработење, неспособност и јавашлук имаат за последица катастрофални последици за Охридското езеро и животниот и растителниот свет на езерото. Сосема е јасно кој е одговорен за ова апокалипса? Што воопште работат Министерот и заменик министерот за животна стедина и просторно планирање и дирекрторот на ЕЛЕМ, кој од водите на Охридското езеро произведува електирчна енергија? Како можеа да доведат до ова невидена катастрофа на Охридскот езеро? Што сторија министерот и заменик министерот за животна средина да го заштита Охридското езеро? Ништо. Срамно и неодговорно го уништија езерото со огромни штети.

Хидролозите пред окулу еден месец предупредуваа на можните штетни последици, но никој не ги слушаше

Во пролетта ова година Охридското езеро имаше најголем водостој и беше преполно со вода, преливаше. Со неконтролирано користење на водите, го испразнија езерото и го доведоа до уништување живиот и растителниот свет на езерото. Имаат ли Министерстовтот за животна средина и просторно планирање и ЕЛЕМ вопопште план за користење на водите на езерото или барем минимални проценки врз основа на краткорочните и долгорочните хидролошки прогнози и врз основа на тоа да стопанисуваат со водата на езерото и колку вода ќе испуштаат од езерото. Охридското езеро не е електоенергетски објект, туку само вишокот на водите се користи произвиодство на елекртрична енергија. ЕЛЕМ летоска дури се фалеше дека извезувал елекрична енегрија!. Ова апокалипса во никој случај неможе да се оправдува со некакви временски неприлики.
Апокалипсата на Охридското езеро и изумирање на рибитте е резултат на тотална неодговорност на министерот и заменик министерпт за животна средина и просторно планирање и директорот на ЕЛЕМ. Тие сториле кривично дело Загрозување на животната средина и природата од членот 218 од Кривичниоѕт законик. Во својство на службени лица и одговорно лице во правно лице, не се придржувале кон кон прописите за заштита на животната средина, со што предизвикале уништување на животинскиот и растителниот свет во големи размери. Тие очигледно несовесно постапувале, а биле свесни дека со тоа можат да предизвикаат штетни последици од големи размери.
Ќе бидат ли разрешени или барем ќе имаат ли доблест сами да си поднесат оставки? Вакво неодговорно вршење на функцијата за заштита на животната средина и природата е неспојливо со елеменртарните норми за заштита на природата, која се уништува, наместо да се унапредува и заштитува. Ова особено кога се работи за Охридското езеро, кое е под посебна заштита, а со тоа езеро се постапувало како да е некој обичен селски вир, а не езеро од непроценливо значење.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top