| четврток, 6 декември 2018 |

Наркозависниците ќе се дислоцираат од Кисела Вода, општината нашла решение?

Општина Кисела Вода нашла решение за Центарот за зависници, откако жителите на оваа населба, минатата недела, на протест пред установата, му се заканија на градоначалникот до први декември да обезбеди солуција и дислокација. Во спротивно, најавија радикализација на протестите, блокади на улиците и пред општината.
Што ќе се преземе надлежните не кажуваат, велат сакале прво лично на им соопштат на жителите пред 1 декември, а потоа ќе ја информирале и целата јавност. За Макфакс откриваат дека решението што го нашле ќе го презентираат со министерот за здравство Венко Филипче.
Центарот за зависници во скопската општина е проблем за околните скопјани и тоа со години наназад. Но чашата се прелеја изминатата недела, кога мајка на Фејсбук објави дека додека чекала автобус на една од најпрометните улици во населбата, и тоа со своето мало дете, и пришол зависник со шприц и игла во рацете, за наводно да ја праша кога доаѓа автобусот. Жената преплашена успеала да се оддалечи за да го заштити своето дете. Инаку, населбата е мета на постојани кражби и напади по улиците, а тамошните жители сметаат дека дел од вината за тоа имаат и некои од зависниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top