| четврток, 6 декември 2018 |

Дукоски: Единствена праведна амнестија би била, амнестија за сите

Обвинетите во „27 април“ не сакаат помилување од премиерот Зоран Заев, туку во правна постапка да ја докажат својата невиност, изјави вечерва во Топ тема Сашо Дукоски, еден од бранителите на Богдан Илиевски и Митко Чавков во случајот „27 април“.

-Во Македонија не постои можност за командна одговорност, т.е. одговорност на постоечките структури по хиерахија. Дополнително кој е тој што ќе направи селекција дека директорот на БЈБ има командна одговорност, а да утврди дека министерот нема одговорност. Најмалку е невин по таа командна одговорност Митко Чавков, рече Дукоски.

Дукоски рече дека не може еден настан и дело да биде третиран со пет различни кривични дела и некој како на лото, да поминува подобро или полошо.

– Не можам да прифатам да има селективна амнестија. Кој е тој ум кој ќе направи селекција, кој е за амнестија, кој не е. Единствена праведна амнестија би била, амнестија за сите. Се друго би било извитоперување на правото и правна гимнастика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top