Светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ беше промовирана во петокот, на 16 ноември, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.
– Ова е првпат некоја од моите книги да биде преведена на друг јазик. И среќен сум што тој прв јазик е македонски. За жал, јас не зборувам македонски. Но, тоа е јазик што го зборуваат луѓе што ги сакам. Сето ова е благодарение на прекрасната конференција „All Web“ и Дарко Булдиоски. Ја имав таа привилегија да зборувам на „All Web“ неколку пати и секогаш уживам во тоа. Оваа книга значи дека еден дел од мене е секогаш во Македонија. Се надевам дека во неа ќе пронајдете нешто интересно – изјави големиот маркетинг гуру и креативен директор на низа светски рекламни агенции.
Бирс има работено во секоја област од адвертајзинг индустријата, создавајќи тв-реклами, радиокампањи, принтови, постери, директна пошта, потписи, продажни промоции, искуства, дигитални работи и оние малите реклами што ги гледате на горниот дел од рачките на бензинските пумпи. Никогаш нема одлучено дали е арт директор или копирајтер, поради што станал главен и на дизајнерите, и на копирајтерите во повеќе агенции. Има добиено многубројни награди во разни дисциплини. Бил главен креативец во многу агенции, меѓу кои и „Огилви Уан“ (OgilvyOne), „Поук“ (Poke) и „Мекен Ворлдгруп“ (McCann Worldgroup). Деновиве, со својата компанија „Адитив“ (Additive), тој им помага на разни организации да ја зголемат својата креативност. Исто така, тој го води „Уан деј код скул“ (One Day Code School), каде што предава програмски јазици.
Бирс беше биде специјален гостин на конференцијата за дигитални комуникации „All Web“, што се одржа на 16 ноември во Македонска филхармонија во Скопје. Промоцијата на „Упатство за употреба на креативниот ум” во „Литература.мк“, која се одржа по завршување на „All Web 2018“, беше проследена со забава со диџеј Васо.
Наредниот ден (17 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ се одржа и промоцијата на книгата [DIGITALNI] PRE-MARKETING од Драган Варагиќ. Српскиот експерт за е-бизнис, интернет маркетинг и онлајн ПР беше еден од предавачите на конференцијата „All Web“.
Пакетот [DIGITALNI] PRE-MARKETING ја содржи истоимената книга, како и два семинара. Книгата и семинарите опишуваат како во работната пракса едноставно, квалитетно, брзо и логично да се усвојат потребните системски знаења од областа на (дигиталната) промоција, за значително подобрување на професионалните онлајн резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст