| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно тешка мисија: Југословенска група за Македонија во квалификациите за ЕП 2020?

Веројатно единствен и најлесен пат за Македонија да обезбеди пласман на Европското првенство во 2020 година е Лигата на нации, каде сигурно ќе има послаби противници отколку во регуларните квалификации.

Покрај сите гиганти кои ќе учествуваат во нив, на нашата фудбалска репрезентација можно е да и падне и „југословенска“ група, бидејќи некако чудно се наместија сите селекции од поранешната осјузна држава. Најверојатно во првиот шешир ќе биде Хрватска која уште го чека расплетот од првата и третата дивизија од Лигата на нациите.

БиХ ќе биде во вториот, Србија во третиот, а Словенија и Црна Гора во четвртиот. Ние сме во петтиот, додека Косово многу веројатно ќе биде во најслабиот, шести шешир.

Ждрепката за Европското првенство во 2020 година ќе се одржи на 2 декември во Даблин, а шампионот ќе се игра во 12 града низ Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top