| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка вчера во прилепско: Со „Цитроен“ излетал од патот, охриѓанка тешко повредена завршила во болница

Вчераутро околу 09 часот на патот село Тополчани – село Клепач, прилепско, Љ.Л. (60) од село Злести, општина Дебарца, управувајќи патничко возило „Цитроен Ц3“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Л. (55) од Охрид. Таа била пренесена во Градска болница Битола каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top