| четврток, 6 декември 2018 |

Арна Шијак: Нема да го повториме 27 април (ФОТО)

Ниту снегот, ниту студот, ниту блокадите на сите патишта низ републиката не ги спречија неколкуте илјади Македонци да излезат пред Собранието на Република Македонија и да побараат да не се менува Уставот, да не се менува името и најважно од се – оставка на Владата!

Протестот започна со македонската химна во изведба на Игор Дурловски, а актерката Арна Шијак, модератор на вечерашниот протест на #Бојкотирам побара од присутните со аплауз да ги поздрави основачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” обвинети во случајот „27 април”.
-Нема да го повториме 27 април, нема да бидеме жртви на предавството и невини жртви со политички монтирани случаи лежат во затвори. Пратениците да ги прифатат нашите барања против уставни измени, порача Шијак.

Организатор на протестот е групата Бојкотирам, Светскиот македонски конгрес, Глас за Македонија, Трета политика и Ленка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top