| четврток, 6 декември 2018 |

Солза Грчева: Македонски државотворен народ – тоа сме и тоа ќе останеме

И не сме саде тука, и не сме саде ние! Попусто ќе не бројат на овој плоштад, на овој протест. Насекаде сме, низ цела Македонија, низ сите држави во соседството, на сите континенти! Еден до еден, со иста мисла – Македонија не ја даваме! Нема шанси да ја дадеме! Отпор ќе пружиме на се што ќе ни биде направено и тоа го правиме! Силата е во нас, силата е во секој од нас. Во нашиот непокор. Во нашата желба, во нашата љубов, сите еден до еден. Македонија испшува многу црни денови. Ова се можеби најтешките во модерната историја. Ни нанесоа голем срам, ни нанесоа болка, ни нанесоа тага! Ќе одговараат! Нема да им простиме! Никој од нас нема да им прости! Ни посегнаа по името, по историјата, по културата, по македонштината, по душата, по генетскиот код што го има секој од нас. Ни посегнаа по човековите права. Ние сме единствената нација во светот без право на самоопределување! Каде тоа го има?! Кој цивилизиран свет го гледа тоа дрско и го одобрува?! Не! Гордо ќе им кажеме оваа работа не бива! Трговија со нас нема да направите. Ги видовме уставните исмени од кои што Заев рече ќе ни се слошело. Ни се повраќа! Главната работа што се обидуваат да ја издејствуваат е да не постои државотворен македонски народ. Ни ја укинуваат државотворноста на единствената држава што сме ја создале. Со векови мачени, со векови обесправени. Згазија на крвта на војводите, на комитите, на оној народ бос и гол со вили и лопати што дигал востанија. Згазија и на научната мисла, еве и на Крсте Петков Мисирков! Згазија на сите преродбеници, на писатели, на поети, на научници, на историчари кои со тешка мака со векови се обидувале низ темнината на овој Балкан да ја пробијат воопшто мислата за Македонска нација, за македонски јазик, за самоосознавање, за сега некој да си поигрува! – рче Солз Грчева пред насобраниот народ на масовниот протест против Уставните измени.

Грчева додаде:

Ќе ви прочитам еден цитат од Асном кој сега го бришат од Уставот. Ние сме Асном и нема да дозволиме тој столб на нашата државност да биде потсечен, да биде оставен само прогласот кој ништо не значи. А еве зошто го тргаат:

Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигнува.

Од овие реченици бегаат. Се плашат да кажат македонска држава. Затоа што Асном не само што ја дефинира нашата прва држава како израз на вековните стремежи, туку и јасно посочува дека македонскиот народ ја создал оваа дрќава. Македонскиот народ е државотворниот народ на оваа земја. Можеме ли сега да ги споредиме овие великани, 90 претставници дојдени на тоа прво заседание на Асном, направиле прво собрание, со овие ништожници овде во овој дом. Има ли споредба. Тие краделе, создале, овие уништуваат. Овбие сакаат да не снема! Имаат ли историско право на вакво нешто?! Кој им го дал тоа историско право?! Едни неиживеани, луѓе кои не сонувале дека ќе имаат некакви привилегии, едни додворници го излажаа народот. Во ничија програма на ниедна партија не пишуваше дека ќе го сторат овој резил. Сите тие се нелегитимни. Леитимноста им ја исековме на 30 септември. Јасно и гласно им кажавме Не може! Македонија, македонски народ, македонски јазик! Македонски државотворен народ. Тоа сме и тоа ќе останеме!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top