| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните пред Собранието бараат оставка (фото)

На Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името, каде се присутни членови на повеќе здруженија меѓу кои „Христијанско братство“, како и на партијата „Единствена Македонија“ се бара оставка.

Присутните пред Собранието извикувааат: „Оставка“ и со ласер на зградата на Собранието испишуваа: „Оставка“ и „Предавство“.

Тие бараат „итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум, стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право, трајна заштита на името на државата и распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори“.

Организатор на протестот е Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес, а меѓу говорниците е и отец Ивица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top