| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје го блокиравте, но Македонците – не: Многу сме, дојдовме, бојкотираме (ВО ЖИВО)

Речиси сите влезови кон Скопје се блокирани, поради вонредните контроли кои ги прават врз возилата.Пред протестот кој во 18 часот треба да се одржи кај македонското Собрание, огромен број на граѓани се спречени да пристигнат.Полицијата задржува автомобили и автобуси, полни со граѓани кои од другите градови доаѓаат кон Скопје, да бидат дел од протестот против уставните измени. До редакцијата на Курир беа испратени фотографии, на кои јасно се гледа како се врши притисокот и спречувањето на луѓето кои сакаат да бидат дел од овој протест.

Ванковска: Бојкотирам сме ние, видливото мнозиноство од кое се плаши оваа забегана власт!

 

И покрај блокадите, кои беа предвидени, пред Собранието на РМ се собира народ. Овојпат скопјани излегоа во голем број. И професорката Ванковска ги повика жителите на Скопје да го поддржат протестот со оглед на тоа дека власта се обудува на секој начин да го спречи влезот во главниот град, а платиштата низ дрѓавата се блокирани што од наводни сообраќајки што од снегот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top