| четврток, 6 декември 2018 |

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква порача дека светот не би требало да ги игнорира оние кои брановите на животот ги фрлаат на сите страни.

„Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата“ рекол папата Франциско на миса посветена на Светскиот ден на сиромашните, што го одбележува Римокатоличката црква, пренесе Ројтерс.

Според него, крикот на сиромашните секој ден станува се посилен, но се послабо се слуша, зошто е заглушен од гласноста на малобројните богаташи, кои се се помалку, но се побогати.

Папата ја повтори својата поддршка за мигрантите, заклучувајќи дека луѓето мораат да посветат внимание на сите оние кои се принудени да бегаат од своите огништа и од родните земји во неизвесност за иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top