| четврток, 6 декември 2018 |

За доброто на сите: Со летни гуми не тргнувајте по македонските патишта! (Фото)

Снегот предизвика хаос на регионалниот пат Гостивар – Маврово – Дебар каде сообраќајот попладнево се одвива отежнато.

Патници што попладнево возеле на оваа делница велат дека на целиот потег од Дебар до клучката на патот за Охрид забележале само едно возило – чистач на Македонија Пат.

Колони на возила има и кај местото викано Ѓавато. На неколку места по патот се забележуваат и патнички и тешки возила кои принудно морале да запрат. Неажурноста на Македонија Пат е и неодговорноста на дел од возачите кои се уште користат летни гуми ја создадоа денешната слика по македонските патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top