Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова од денеска престојува во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан.
Во Кралската палата Ал Хусеин во Аман, претседателот Иванов ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори Ибн Ал Хусеин.
Во рамки на посетата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, тој ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех и со членовите на Претставничкиот дом.
Иванов ќе одржи и предавање во Советот за светски прашања на тема „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“ и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.
Сопругата на претседателот Иванов ќе се сретне со кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Ранија Ал Абдула и ќе ги посети фондацијата „Jordan River“, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од кралицата Ранија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст