| четврток, 6 декември 2018 |

Протести и контра-протести во Холандија поради помошникот на Дедо Мраз

Црниот Пит е лик од холандската верзија на приказната за Дедо Мраз кој таму го нарекуваат Синтерклас и се слави во очи на празникот Синтерклас (кај нас Св.Никола). Црниот Пит, според легендата е помошник на Дедо Мраз и е препознатлив по темната боја на кожата.

Меѓутоа, овој лик секоја година е причина за судири во Холандија помеѓу две групи. Така е и годинава. Едната група ја поддржува легендата за Синтерклас и помошникот, а другата се противи бидејќи смета дека тоа што Црниот Пит се претставува како лице со темна боја на кожата претставува расизам и е навредливо за луѓето со потемна боја.

Судири помеѓу вакви групи денеска избија во повеќе градови, а полицијата во Ротердам објави и дека уапсила три лица.

Сведоци за холандските медиуми ги опишуваат настаните како хаотични, а според пишувањата, граѓаните се гаѓале и со јајца. Во тепачките учествувале и навивачки групи на најголемите спортски клубови во Холандија.


Инаку, според легендата, Црниот Пит ги носи подароците за време на празникот Синтерклас (кај нас Св.Никола). Според преданијата, во деновите пред празникот, тој често стои на покривите од куќите и преку оџаците прислушкува дали децата биле добри во текот на годината, а за време на празникот тој се спушта низ нив и им остава подароци.

Специјалност на Црниот Пит му е раздавање на медењаци, а покрај тоа што ги разнесува подароците на Дедо Мраз (Синтерклас) му помага и на тој начин што му ги носи книгата и стапот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top