Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војниците испратени на границата со Мексико ќе останат таму „колку што ќе биде потребно”.
– Имаме големи воени сили на јужната граница, и има многу луѓе кои се обидуваат да влезат во нашата земја – рече Трамп во Белата куќа пред да замине во Калифорнија.
Американскиот претседател додаде дека војниците „создале многу моќна бариера“.
Околу 5.900 војници се испратени долж границата со Мексико за да им помогнат на граничарите во спречувањето на нелегалниот влез на мигрантите.
Покрај војниците, ангажирани се околу 2100 резервисти од Националната гарда.
Трамп се одлучи на ваквата мерка за да го спречи караванот од неколку илјади мигранти од Централна Америка да влезат во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст