| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР со вонредна прогноза

Утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег.

Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Утре кон крајот на денот и во Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top