| четврток, 6 декември 2018 |

Населбата ни се претвори во депонија, реагираат жители од Аеродром

Дел од жителите на булеварот Видое Смилевски Бато во Аеродром реагираат за дивите пазарџии на тротоарите околу зградите и на тоа што како што велат, населбата им се претворила во дива депонија.

Тие бараат од Општина Аеродром да преземе нешто, а покрај до општинските власти, тврдат дека пријавиле и во Државниот пазарен инспекторат.

– Ова е срам за населбата, погледнете ги убаво сликите, дојдете барем видете ја состојбата. Кој ќе го исчисти ова, каде да живееме ние, во сметиште центар на населбата? За една година дивите пазарџии од два-тројца станаа десетина, продаваат храна на земја и направија депонија од населбата – велат во реакцијата дел од граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top