| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружени војници ќе ги бранат белите мантили: Дали Филипче воведува вонредна состојба на Клиничкиот центар?

Полицајци или војници ќе се грижат за безбедноста на здравствените работници и пациентите во ургентните центри.  Министерот за здравство најави дека за неколку денови ќе се знае дали пред влезот на КАРИЛ, Ургентен, Детска, Хематологија и Токсикологија ќе стојат припадници од одбрана или, пак, од МВР. Филипче покрај помошта што ја побара од министерот Спасовски уште минатата недела по инцидентот на Клиниката за анестезија и реанимација, разговарал и со Радмила Шеќеринска.

-По нападот врз медицинската сестрна од КАРИЛ минатата недела и пукањето со огнено оружје врз хирургот од дигестивна пред три години, според здравствените власти сегашното обезбедување е недоволно да ги заштити медицинските лица пациентите на скопските клиники.

Филипче сака да најдат лица кои се плаќаат од буџетот, бидејќи проценките им покажале дека ангажирањето на агенција за обезбедување ќе ги чини прескапо. Алармот го вклучи насилството врз сестрата од КАРИЛ, која била нападната од член на семејство на починат пациент.

-Ние секогаш сме први на удар, а кај нас доаѓаат најтешко болните, изјави Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.

Освен за скопските клиники, здравствените власти планираат 24 часовно обезбедување и за болници кои примаат итни и ургентни пациенти.

Оваа одлука на министерот за здравство најголемата опозициска партија ја оцени како воведување вонредна состојба на клиниките.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинија – здравството во Македонија тоне од ден во ден. Го допревме дното со лоши услови за работа, напади на медицински персонал, измалтретирани пациенти

-Што се случуваше деновиве? Нападнат медицински персонал на Клиника за токсикологија, нападната медицинска сестра на „Карил“, напад на медицинско лице на Детската клиника, а претходно скандал со претепаната медицинска сестра во детската болница „Козле”. И додека ова се случува, министерот за здравство бара помош за обезбедување на јавните здравствени установи од министерството за внатрешни работи и министерството за одбарана, вели Ленче Неловска од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали министерот за здравство воведува вондредна состојба на Клиничкиот центар?

-Замислете, не му се давале пари за ангажирање за агенција за обезбедување на Клинички, па затоа разговара со колегите од внатрешни и одбрана. Сака полицајци или војници да патролираат во кампусот клиники! Среќна Нова 1949 година! Министерот за здравство, Филипче сака да се најдат лица кои се плаќаат од Буџетот, меѓутоа од друго министерство. Министерот со ова покажува дека воопшто не му е грижа за медицинскиот персонал.  А, секако не му е грижа ниту за пациентите, зошто во вакви пресметки кога граѓани од различни причини напаѓаат медицински персонал секој може да настрада. Министерот смета дека, дека да се плати обезбедување на здравствените установи е премногу скапо, односно безбедноста на докторите, сестрите, пациентите е премногу скапа. Но не смета дека е премногу скапо кога планира 35 милиони евра годишно за биохемиски реагенси, и за тоа кој ќе го добие тендерот. Ниту пак смета дека е скапо да се плати 1,5 милион евра за лубриканти. Тогаш тој многу се грижи за парите. Постапките говорат дека кадрите на СДСМ се однесуваат исто како аболицираниот криминалец Зоран Заев. Ваквото однесување е само уште еден доказ дека станува збор за криминална и однародена власт. Време е веќе да се стави крај на ваквото министерување на министерот за здравство. Време е да се стави крај на уништувањето на здравствениот систем. Филипче мора да замине, истакна таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top