| четврток, 6 декември 2018 |

Блокирано кај Саем и во Аеродром

Поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“ , што е во организација на „АКК Примо АВЈ”, викендов во делово од Скопје од 7.00 до 17.30 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим.

Полицијата наведе дека на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар „Гоце Делчев“ и улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“, Одделението за за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Град Скопје.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top