| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ги препознаете вагиналните инфекции?

Вагиналната габична инфекција е упорен здравствен проблем, кој погодува голем број жени, а се јавува како последица од употреба на антибиотици, носење мокар костим за капење во лето и користење агресивни средства за интимна нега.

Најчестиот причинител на инфекции е кандидата, вид габа што предизвикува инфекција на кожата, ноктите и вагината, воспаление на уринарниот тракт, но и проблеми со дигестијата и замор.

Симптоми на вагинална габична инфекција се чешање, непријатно чувство, густ и обилен бел секрет, црвенило, слузокожа и отекување. Оваа инфекција погодува повеќе од 75% од жените барем еднаш во животот.

Што придонесува за развој на габична инфекција?
Земање антибиотици кои ја нарушуваат рамнотежата меѓу добрите и лошите бактерии и pH-вредноста на слузокожата.
Консумирање поголема количина на алкохол, кој во процесот на дигестија се претвора во шеќер и храна за габите.
Стресен живот и недоволна количина на сон.
Носење мокар костим за капење, бидејќи габите побрзо се размножуваат во влажна околина.
Нередовна исхрана и консумирање премногу кисела храна.
Носење претесна облека (панталони и тана-гаќички во кои телото не може да дише).
Секојдневно користење дневни влошки и тампони.
Бременост и дијабетес.
Перење на долната облека на температура пониска од 60 степени.
За среќа, постојат и природни лекови за решавање на овој проблем. Еве некои од најдобрите:

Зголемената консумација на лук делува како природен лек против габи и бактерии поради сумпорните гликозиди, витамини и масла. Лукот може да се става директно во вагината, така што се лупи се лушпата и се замотува во чиста газа како тампон, а потоа се внесува внатре. Внимавајте дел од газата да остане надвор од вагината за да можете полесно да ја извлечете. Ако дојде до чувство на интензивно пецкање, извадете го лукот. Терапијата треба да се спроведува сè до губењето на симптомите.

Јогуртот и разните пробиотици им се сојузници на добрите бактерии и со самото тоа непријатели на габите. Ако имате габична инфекција, пијте околу половина литар јогурт на ден. Тој може да го намали осипот и црвенилото ако го нанесете директно на зафатената слузокожа. Оставете го да отстои десетина минути и потоа измијте го со вода.

Маслото и чајот од кантарион може да ги уништи габите, но притоа треба да внимавате на квалитетот и количината на масло за да не дојде до алергиски реакции. Може да капнете неколку капки специјализирано масло на тампон и да го ставите во вагината. Уште поедноставно решение се билните вагиналети кои се купуваат во аптеките.

Содата бикарбонат ќе ја подобри алкалната состојба на организмот, во која габите многу потешко се размножуваат. Може да подготвите смеса од две литри зовриена вода со две лажици сода бикарбонат и секојдневно да ја миете вагината во текот на еден месец, освен за време на менструацијата.

Предупредување: Две до три габични инфекции годишно не се причина за загриженост, но ако тие се јавуваат почесто, тогаш природните лекови не се доволна помош и потребно е да одите на лекар кој ќе ја утврди причината за ослабениот имунитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top