| четврток, 6 декември 2018 |

Му се стопил џипот додека спасувал луѓе од пожарите во Калифорнија: Се јавила и Тојота

Болничарот Ејлин Пирс речиси настрадал додека спасувал луѓе од пожарите во Калифорнија, во градот Парадајс. Наместо да се евакуира, упорно се враќал низ пламените јазици за да извлече колку што може повеќе луѓе од болницата која била зафатена од пожарот. Неговата приказна ја пренесува Њујорк тајмс.

-Имаше среќа да заглави среде пожарот. Од сите страни пламтеше оган, гледаше како пламнуваат автомобилите околу него и мислеше дека е следниот. Дури и снимил порака за семејството.


За среќа, набрзо се појавил булдожер кој го расчистил патот, но тој решил одеднаш да се врати во болницата. Кога пристигнал, неговиот џип бил изгорен од сите страни, а светлата буквално стопени.

Сепак, Пирс не обрнал внимание на тоа, туку се потрудил колку што е можно повеќе повредени луѓе да извлече од болницата и да ги смести на безбедно во хеликоптеротБлагодарение на него и на неговите колеги сите биле спасени.

На приказната на Њујорк тајмс одговорила Тојота.

„Горди сме што ги рескиравте животот и Тојота тундра за да ги однесете луѓето на сигурно. Не грижете се за автомобилот, ќе ни биде чест да ви подариме нов“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top