| четврток, 6 декември 2018 |

Виновник за мувлата не се прозорците, туку провевот

Во текот на зимата како се спуштаат температурите, така и се намалува можноста за проветрување на просторијата со цел да не се троши дополнително енергија за затоплување, но тоа може да го зголеми ризикот од создавање на мувла. Спротивно на повеќе мислења дека самите прозорци се виновни, проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да влезе воздух. Правилно проветрување на домот спречува создавање на мувла.

Со добра изолација на ѕидовите на објектот и прозорци кои добро дихтуваат, внатрешните ѕидови во зима остануваат топли. Доколку во просторот сепак навлезе студен воздух или влажност, ѕидовите кондензираат влагата навлегува во нив. Тоа се совршени услови за настанување на мувла. Во лето се случува обратен процес. Во просторијата навлегува топол и влажен воздух кој кондензира на топлите ѕидови. Со што пак пости опасност од создавање на мувла.

Проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да влезе воздух. Треба да создадеме услови за струење на воздухот, провев. Тоа се постигнува со отворање на повеќе прозорци, спротивно поставени, за да започне струење на воздухот. Така настанува провев и застојаниот воздух излегува надвор, а на сметка на тоа во просторијата влегува нов, свеж воздух.

Избегнувајте да ги оставате прозорците подолго време отворени на кип. Воздухот не се разменува доволно а просторијата се лади. Така се троши повеќе енергија за греење, бидејќи топлината се губи низ прозорецот кој е долго време отворен на кип.

Колку треба да проветрувате во зависност од годишното време

април до октомври 15 минути

ноември 10 минути

декември до февруари 6 минути

март 10 минути

Проветрување на кујна, бања и спална собаж

Во кујната и бањата од самото готвење и туширање се создава многу повеќе влажност отколку во другите простории. Тие мора да се проветруваат многу почесто, во зависност од интензитетот на нивното користење. Спалната соба задолжително се проветрува наутро.

Од она што го најдовме со истражување на пазарот на прозорци, РЕХАУ како водечки понудувач на системски решенија од полимери нуди иновативно решение, кое е уникатно и ново на пазарот и кај кое системот на вентилација е совршено интегриран во рамката на прозорецот. На таков начин се заштедува на одржување на топлината во домот, нема бучава, нема полен и што е најважно нема мувла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top