| четврток, 6 декември 2018 |

Дали е можно УБК да го следи Јанакиески, а да не знае ништо за Груевски?!

Се поцврсто се наметнува констатацијата дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знаеле за движењето на поранешниот премиер Никола Груевски откако на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му беше определен притвор врз основа на белешка на УБК.

Во решението за определување притвор на Јанакиески пишува дека УБК наводно го следела движењето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и дошла до оперативни сознанија дека подготвува бегство. Нејасно е зошто обвинетиот Јанакиески бил опфатен со ПИ-мерки, а Никола Груевски, како првообвинет не.

Повеќе од јасно е дека човекот кого со месеци го следат безбедносните служби, за кого одредени медиуми пишуваа и најсочни детали со кого се среќавал, што зборувал на средбите, како зборувал, невозможно е да избега со сопствени сили и без знаење на Заев и Спасовски.

Иванов: Лага е дека се одржала средба со посредник на Јанакиески

 

Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо“, а која е основ за определување на мерката притвор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по објавата на решението на Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка притвор за Јанакиески.

Јанакиески тврди дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР

Јанакиески истакна дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР и додаде “кога не може по магарето, удри по самарот”.

Адвокатот Миланов: Власта е бесна, па им се осветува на останатите обвинети

Миланов во изјава за Реублика вели дека по бегството на порашениот премиер Никола Груевски власта е бесна и им се осветува на остантите обвинети во случаите на СЈО.

-Во моментот кога се објави дека Груевски не е во републиката, мерките за претпазливост кои се почитуваат во целост, се пренебрегнуваат и се носи ваква одлука, вели адвокатот Миланов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top