| четврток, 6 декември 2018 |

Челси ќе добие забрана за трансфери поради Бертранд Траоре

Фудбалскиот клуб Челси се соочува со жестока казна од страна на ФИФА која го истражува трансферот на младиот и талентиран фудбалер, Бертранд Траоре. Од ФИФА го истражуваат трансферот на Траоре кој првиот професионален договор со клубот го потпиша во септември, 2013 година откако наполни 18 години.

Од светската куќа на фудбалот веќе подолг период го истражувале случајот и нашле сериозни индиции за вина на клубот. Токму затоа на Челси му се заканува забрана за трансфери на играчи во следните две сезони, односно клубот од Лондон нема да смее да купува играчи во четири трансфер периоди.

Бертранд Траоре во моментов настапува во тимот на Лион откако го напушти тимот од Лондон за 10 мил. евра во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top