Британскиот министер за брегзит, Доминик Раб денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за излез од ЕУ, објавија британските медиуми. Тој порача дека совеста не му дозволува да го поддржи нацртот на тој договор, пренесе Би-би-си.
Британската премиерка, Меј, синоќа по петчасовниот состанок на Владата, објави дека обезбедила поддршка за договорот за брегзит.
Раб го наследи Дејвид Дејвис, кој исто така се повлече од функцијата поради плановите за брегизт на Тереза Меј. Двајцата се дел од групата министри кои не се согласуваат со договорот.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск претходно најави во недела вонреден самит, на кој ќе биде финализиран и формализиран договорот за излез на Велика Британија од Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст