Ирската пратеничка Рут Копингер среде заседанието на Парламентот од ракавот извади чипкаста танга, со што сакала да укаже на проблемот со силуваните девојчиња.
Таа укажала на случајот кога 27-годишник пред десетина дена бил ослободен од обвиненијата за силување на 17-годишно девојче, кога адвокатката покажала дека девојчето носело чипкаста танга. Затоа пратеничката покажа како се чуствувала жртвата, која покрај тоа што е силувана уште и била јавно понижена.
-Непријатно е кога пред сите вас ќе покажам танга, зар не? Сега замислете како се чуствува жртва на силување, кога пред целата судница се покажува нејзиниот долен веш, рече Копингер.
Обвинетиот за силувањето изјавил дека девојчето само се согласило да има полов однос со него на каллива улица.
Веднаш реагираа и активистите од здружението за заштита на жртвите на силување, кои побараа реформи во законодавството за да не се дозволи вината од силувачот да биде префрлана на жртвата.
Јавноста е згрозена од судењето на девојчето и на социјалните мрежи масовно почнаа да објавуваат фотографии со чипкасти танги, а феминистичките групи најавија протести низ цела Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст